Општина Бутел: Од денеска стартуваат комуналните редари
Денес започнаа активностите на комуналните редари во општина Бутел, информираат од општината. Локалната самоуправа, според соопштеното, ја воведе оваа служба за да обезбеди јавна чистота, заштита на јавните површини и општинскиот имот и спречување на вандализмот и несовесното однесување. „Комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места во општината. Граѓаните ќе можат да пријавуваат комунални проблеми …
Continue Reading
Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски
Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување. Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината. Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а …
Continue Reading
„149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола, продолжува поддршката од Општината“, порача Герасимовски
Општина Центар и оваа година финансиски им помага на младите да се стекнат со возачка дозвола. Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 центарци добија по 10.000 денари субвенција за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија, извести Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски изрази задоволство од интересот за мерката и ги повика младите кои ги исполнуваат условите …
Continue Reading
Кражба на електрична енергија со уред за манипулација на броила во казино во Кичево
„По спроведени детални анализи на потрошувачката и континуирано следење на динамиката на користење на електричната енергија, Специјализираниот тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија спроведе теренска контрола во казино на ул. Магистрален пат во Кичево, при што откри случај на неовластено користење на електрична енергија“, известуваат од Електродистрибуција. „Констатирано е: Нетипично однесување на мерните уреди, проследено со абнормално …
Continue Reading
Делови од општините Аеродром и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците на улица Тодор Чангов бр.49, општина Аеродром; – во периодот од 08.30 до 11.15 часот потрошувачите на дел од булеварот Македонско-Косовска Бригада и улицата Методија Митевски ќе останат без електрична енергија поради работа во ТС Топаанско Поле 11 (380512), …
Continue Reading
Денеска без вода корисниците на улицата Џон Кенеди: намален притисок ќе има населбата Топанско Поле
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм.на улица Ферид Заири 12. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од Џон Кенеди, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски: Од депонија до огромен мега парк на 86.000 м² во Карпош
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија. – Таму каде што со години се трупаше смет, ќе растат дрвја. Таму каде што граѓаните гледаа грда слика, ќе има зеленило, спорт и детска смеа. Сите се сеќаваме на огромната дива депонија во Карпош. …
Continue Reading
Општина Аеродром: Јавен повик за граѓанските организации
Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за граѓанските организации во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата, како што е соопштено, претставува продолжение на партнерството меѓу Европската Унија и УНДП, надоврзувајќи се на претходните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2, спроведени во периодот од 2017 до 2024 …
Continue Reading
ЈПКС: Минатата недела отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, …
Continue Reading