(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево
Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР. „И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Continue Reading
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови
Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК. Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. „Сите капацитети …
Continue Reading
(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба
Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината. Како што истакна градоначалникот Сашко Комненовиќ ситуацијата се уште е загрижувачка и опасна поради пожарот кој избувна помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево, се до село Кучевиште. „Ситуацијата е сериозна, динамична и бара постојано вклучување на сите расположиви ресурси. Пожарот …
Continue Reading
Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер
Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици во Скопје, но сосема јасно се гледа каде чади од скопската обиколница, посебно од делот кај Волково. Освен пожарот кој избувна синоќа над магистралниот пат кон Блаце во близина на Скопје, чад се крева од повисоки делови. Директорот на Дирекцијата …
Continue Reading
Градоначалникот на Кочани: Аплициравме за мерката за пожарите, формуларот уредно е испратен
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува кочанскиот гадоначалник, Венко Крстевски, за опасна незаинтересираност и загрозување на јавната безбедност, по објавата на Владата дека оваа општина не аплицирала за новата мерка во борбата со пожарите, преку ангажирање на 400 лица во општините за гаснење, кои ќе добиваат месечни примања. Претходно денес, владината портпаролка, Марија Митева, изјави дека мерката опфаќа 14 општини, односно сите општини во …
Continue Reading
Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица
Сеизмолошката опсерваторија денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово. Земјотресот е со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Continue Reading
7 – 17 јули: Керамичка работилница за сите генерации, завршна изложба на 18 јули
Од денеска – 7 јули, заклучно со 17 јули 2025 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, холот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ оживува со боите и формите на глината. Граѓани од различни генерации и со различни способности заедно ќе создаваат уметнички дела од овој жив материјал. Првата недела е посветена на инклузивно дружење и творење на …
Continue Reading
(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода во гасење на пожарот кај Блаце
Во рамки на денешните активности, полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа во гасењето на шумскиот пожар во реонот на Блаце. Со два хеликоптера – Бел 412 и Агуста Бел 212, во текот на денот беа извршени 55 налети, при што беа исфрлени повеќе од 70 тони вода врз зафатеното подрачје. Интервенцијата …
Continue Reading
Етнолошката изложба на ЗГ „Миравчка свадба Ѓура Мара“ ги раскажа приказните на предците
На 4 јули 2025 година, во просториите на Уметничката галерија „Аман“, се одржа отворањето на Етнолошката изложба организирана од Здружението на граѓани „Миравчка свадба Ѓура Мара“. Настанот привлече голем број посетители, љубопитни да го откријат богатството на македонската традиционална култура, претставена низ внимателно курирана етнолошка поставка. Изложбата понуди импресивна збирка автентични предмети кои сведочат за животот, обичаите и духовноста на …
Continue Reading