Миравци ќе добие нов парк и спортски терении- во тек интензивни градежни активности

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, најави дека во населеното место Миравци, во моментов се одвиваат интензивни градежни активности за реализација на три значајни инфраструктурни проекти. И тоа, изградба на нов урбан парк, ново спортско фудбалско игралиште и нов кошаркарски терен. Овие инвестиции се дел од заложбата на Општина Гевгелија за подобрување на квалитетот на животот и спортско-рекреативните услови за …

Continue Reading

Свечено пуштен во употреба Западниот булевар- нова урбана артилерија на Гевгелија

Општина Гевгелија го одбележа пуштањето во употреба на новоизградената улица „Св. Климент Охридски“- Западен булевар, долг 1.200 метри, која претставува капитален инфраструктурен зафат и модерен обиколен пат за градот. Свеченоста се одржа во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски; заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски и министерот за локална самоуправа, Златко …

Continue Reading

Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода

Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“. Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари. Новата градинка се простира на површина од 525 м², …

Continue Reading

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “. Според информациите од СВР-Охрид, тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен надзор, од 2020 година, дозволил да биде формирана дива …

Continue Reading

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три се под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие, на територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, три се под контрола, а седумнаесет се изгаснати. Активни пожари има на неколку локации. Во општините Василево, Радовиш и Берово, во селото Нивичино, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација на планините Голем Готен и Малешевските Планини. …

Continue Reading

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење во службата. „На 27 јануари пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“, соопшти МВР. Оттука велат дека со тоа му била нанесена штета на буџетот на …

Continue Reading

Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски. На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени …

Continue Reading

Започна изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Битола

Во општина Битола, денес беше одржан состанок, со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води. Во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството за финансии, изведувачот на пречистителната станица конзорциумот Лантаниа-Стентон градба-Карканиас, избраниот надзор- фирмата Ептиса, претставници на КЈП „Нискоградба“ и претставници на општинската администрација, градоначалникот на општина Битола …

Continue Reading

Тошковски од Охрид: Поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Притоа ги посети на терен и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во …

Continue Reading