Директорката на Гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар. Ова се случува откако на 8 август вечерта, полицијата изврши претрес во нејзиниот дом барајќи го печатот од училиштето. Во тоа време, Лозановска беше на боледување. Полицискиот началник изјави дека ќе ја однесе на разговор дури и со носилки, иако …

Continue Reading

14 август: Арт перформанс „Писма“ на Џинова, Ставрова и Ризова од Гевгелија

Во рамките на програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија е организатор на арт перформанс „Писма“, кој ќе се одржи на 14 август 2025 година (четврток), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народен театар- Гевгелија. „Писма“ претставува креативен израз на три млади и талентирани уметници- Марија Џинова, Теодора Ставрова и Михаела …

Continue Reading

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 07 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 165 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во …

Continue Reading

(Фото) Нови подови за спорт во Аеродром

Во пресрет на почетокот на новата учебна година во спортската сала „Марко Божиновски“ и на спортското игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ целосно се заменуваат подовите со нова нелизгачка спортска подлогa, известуваат од општина Аеродром. Целта на оваа активност е да се подобри спортската инфраструктура и да се создадат побезбедни услови за спортување на учениците во Ново Лисиче, велат од …

Continue Reading

(Фото) Пожарот во атарот на село Долно Дупени е ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот на територијата на ловиштето Јасен е се уште активен. Екипи на Јасен и …

Continue Reading

(Фото) Во Кисела Вода поставено ново спомен-обележје на Цветан Димов

Денес, во општина Кисела Вода свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое постоеше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања. По барање на жителите, Општината изработи нова биста, со што на овој голем херој му се оддава заслужено признание, а …

Continue Reading

Целосно реконструирано централното подрачје во Богородица

Во Богородица е уреден простор со модерен и функционален изглед, наменет за одмор и дружење на жителите. Градежните активности за партерно и хортикултурно уредување на централниот дел од населбата опфатија: поплочување со павер елементи, изградба на пешачки патеки, поставување жардиниери со хортикултурно уредување, нов летниковец и партерно осветлување. – На почетокот од мојот мандат нарачавме техничка документација, а потоа ги …

Continue Reading

12 август: Изложба „Материјалната култура низ призмата на Марко Цепенков“

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 август 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Фоајето на Народен театар- Гевгелија ќе биде отворена Изложбата на фотографии и етнографски предмети „Материјалната култура низ призмата на Марко Цепенков“. Изложбата ги претставува рачно скицираните етнографски предмети од делото на Марко Цепенков преку фотографии отпечатени на форекс …

Continue Reading

31 приказна за различноста- отворена во Гевгелија Изложбата „Живеј со стил – поддржи различности“

Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 8 август 2025 година, во Уметничка галерија „Амам“, свечено беше отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Овој настан беше исполнет со искрени емоции, силни пораки и барање за поддршка од локалната заедница, односно потреба од поголема инклузивност и прифаќање на различностите во општеството. Свеченото отворање …

Continue Reading