Mонодрамата „Прво лице еднина“- ехо на женските соништа и борби

На 20 август 2025 година, платото пред Народниот театар во Гевгелија се трансформира во простор на емоции, соништа и драмска интензивност. Монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гугин, а изведена од актерката Владанка Крстевски, ја прикажа сложената реалност на женската борба, личните избори и соништата што бараат храброст да се остварат. Монодрамата е авторски текст на актерката Владанка …

Continue Reading

Општина Карпош до премиерот: Мицкоски да го едуцира својот кандидат за градоначалник за начините на водење на кампања

„Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува неговиот личен кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој има упатено писмо до секоја фирма поединечно, за средби на кои ќе се разговара за бизнис климата кај бизнис заедницата“, велат од Општина Карпош. „Убаво би било господинот Мицкоски да му објасни на својот кандидат, неколку работи. …

Continue Reading

За 27 август закажана 68. седница на Советот на Општина Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 68. седница, на 27 август 2025 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. Седницата ќе започне во 10:30 часот, а за работа е предвиден следниот дневен ред: 1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година (период 01.01 – 30.06.2025 година), 2. Предлог-Одлука …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Интензивно се работи на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода, со сместувачки капацитет за 70 дечиња

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во увид на градежни активности на нова детска градинка во Драчево. „За неколку недели од денеска овој објект ќе биде целосно функционален и во годините коишто следат би требало да биде дом на отприлика 70-тина дечиња. И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи“, кажа Мицкоски. „Наследивме, би рекол, една прилично хаотична …

Continue Reading

Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 75-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба. М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.

Continue Reading

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица.

Continue Reading

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива фотоволтаични панели, инвестираме во зелена енергија

Општина Центар и годинава вложува во модернизација на училишната инфраструктура, за децата новата учебна година да ја започнат во современи и безбедни услови. Градоначалникот Горан Герасимовски, го посети Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што треба да започнат тековните подготовки за поставување на фотоволтаични панели. Со нивното инсталирање, училиштето ќе направи значителен чекор кон користење на обновливи извори …

Continue Reading

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината …

Continue Reading

Орце Ѓорѓиевски на кафе со Влатко Стефановски: Ќе го направиме Скопје културно катче достојно за иднината 

Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се советува со гитаристот Влатко Стефановски околу програмата за поубаво Скопје. Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ објави детали. „Огромна е честа да испијам пријателско кафе со инспиративен разговор со маестро Влатко Стефановски – музичар од светски калибар и гордост на Македонија, заедно со идниот градоначалник на Карпош, Сотир …

Continue Reading