Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

На 10 октомври 2026 година, во 18:30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело мало пловило со кое управувал А.Н. (57) од Охрид. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт …

Continue Reading

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштуваат дека по завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид. Со активирањето на системот се очекува …

Continue Reading

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од 10 степени е измерена во Маврови Анови и Крива Паланка, додека во Крушево, Струмица, Охрид, Претор и Прилеп се измерени 12 степени. Во Тетово, Куманово, Кавадарци и Скопје-Петровец минималната температура изнесувала 14 степени. Во Велес, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија се …

Continue Reading

Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните

Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем со депонирањето на отпадот поради блокадата на депонијата Краста. Информацијата ја соопштија ЈП „Чистота и зеленило“ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и менаџерскиот тим на …

Continue Reading

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе биде со изменет режим на сообраќај поради санација на оштетената заштитна пешачка ограда. Од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информираат дека ќе се врши замена и монтажа на оштетените делови од оградата, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ …

Continue Reading

Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи

По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со …

Continue Reading

(Фото) Започна првото издание на „Чкембе фест Битола 2026“

„Од котлето на традицијата до иднината на гастрономскиот туризам“ е мотото на првото издание на манифестацијата „Чкембе фест Битола 2026“, која денеска започна во Битола. Организатори се Здружението за културни, уметнички, традиционални и забавни активности „Гурман плус“ Битола и Здружението за угостителство и туризам „Еснаф“ од Битола, а со поддршка на Општина Битола. Свеченото отворање беше на плоштадот „Магнолија“ каде …

Continue Reading

(Фото) Традиционални пензионерски спортски игри во Карпош

Денеска во спортската сала „Партизан“ се одржаа традиционалните пензионерски спортски игри, организирани по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош. На спортскиот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, кои им посакаа успех на учесниците и го поздравија нивниот ентузијазам, спортски дух и желба за дружење. – „Гледајќи го овој спортски …

Continue Reading

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните работи за изградба на новиот училиштен базен, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, наменета за спортскиот развој и создавање нови можности за децата од Чаир. За време на посетата, Меџити информираше дека работите се одвиваат според предвидената динамика …

Continue Reading