Грета Тунберг во Тетово

Шведската активистка Грета Тунберг вчера беше во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата. Тунберг ја посетила и новата локација на Центарот која се спрема со заеднички волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Новиот простор ќе биде отворен утре со почеток од 18 часот. …

Continue Reading

Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека ова бил приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година. „И денес, …

Continue Reading

Заврши 3. издание на Меморијалниот турнир „Никола Гелебешев“- прогласени најдобрите екипи и поединци

Со свечена церемонија и доделување на пехари, дипломи и признанија за најуспешните екипи и поединци, заврши третото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев 2025“. Годинашни победници по возрасни категории се: екипата „Ж.Ф. Стокол“ во генерацијата 2017, „Vibe Bar“ во генерацијата 2015/2016, „У 10“ во генерацијата 2013/2014, „КМХ Валандово“ во генерацијата 2011/2012 и „Автошкола Прима“ во генерацијата 2008/2010. …

Continue Reading

Целосно саниран и модернизиран спортскиот терен- игралиштето „Елена Костадинова“

Заврши реконструкцијата на спортското игралиште „Елена Костадинова“ во населбата „Серменинско Маало“- Гевгелија. Во рамки на изведените активности, извршена е целосна санација и модернизација на теренот- поставена е сертифицирана тартан подлога, заменето е целокупното заштитно оградување, а обновени се постоечките кошеви и голови. Со реализацијата на проектот, се обезбедени поквалитетни и побезбедни услови за спорт и рекреација. – Овој обновен простор …

Continue Reading

Во Гевгелија, на 29 јули, ќе бидат изложени дела од 61. Меѓународна (струмичка) ликовна колонија

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Гевгелија ќе биде домаќин на Изложбата на дела создадени на 61. Меѓународна ликовна колонија 2024 година, што традиционално се реализира во Струмица. Изложбата ќе се отвори на 29 јули 2025 година (вторник), во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот. Националната установа Центар за култура „Антон Панов“- Струмица, ќе …

Continue Reading

Герасимовски: Во тек е реновирање на градинката „13 Ноември“, подобрени условите во сите градинки

Општина Центар информира дека во матичниот објект на ЈОУДГ „13 Ноември“ во тек е реновирање на „Новиот дел“ кој ги опфаќа просторот јасли и долниот кат. Во моментов, се врши молерисување на ѕидовите, а веќе е завршено стругањето и лакирањето на паркетот во занималните и ходниците. „Молерисувањето ги опфаќа и скалите, влезот, канцелариите, тријажниот простор и чајната кујна. По завршување …

Continue Reading

Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на …

Continue Reading

Отворен целосно реновираниот Центар за обуки на административните службеници во Општина Аеродром

Министерството за јавна администрација денес свечено го отвори целосно реновираниот Центар за обуки на административните службеници, лоциран во Општина Аеродром – Скопје. Центарот е опремен со нов, модерен канцелариски мебел и најсовремена техничка опрема за спроведување на едукативни активности, со што се создаваат квалитетни и професионални услови за развој и усовршување на јавната администрација. На свеченоста се обрати Министерот за …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски на утрински појадок со жените пензионерки од општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот. Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите, известуваат од Општината. „Пензионерите …

Continue Reading