Алиу: Кадровски се зајакнува КБ Tетово – доделени решенија за вработување 28 доктори специјализанти

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ја посети Клиничката болница во Тетово по повод доделување решенија за вработување доктори-специјализанти од повеќе области. -Со големо задоволство присуствувам на доделувањето решенија за вработување на 28 доктори специјализанти. Станува збор за приватни специјализанти од повеќе различни области, со што сериозно се унапредува специјалистичката здравствена заштита во оваа установа. Приватните специјализанти се вработуваат по …

Continue Reading

Струмичките ученици со силни пораки за поддршка и разбирање на лицата со попреченост

По повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа литературно – ликовна манифестација во организација на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, а во соработка со Здружението на деца со Даунов синдром „Вера“ од Струмица. Поводот за овој настан беше објавениот конкурс за литературни и ликовни дела за ученици …

Continue Reading

5 декември: Патронен празник на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци и одбележување 100 години јубилеј од основањето на училиштето

На 5 декември, со почеток во 18:00 часот, во Домот на културата- Мираваци ќе се одржи свечен настан по повод јубилејното одбележување на 100 години од основањето на ООУ „Климент Охридски“. Под мотото „Век, светлина, знаење…“, Училиштето со гордост ги поканува граѓаните, поранешните и сегашните ученици, наставници и пријатели да бидат дел од овој важен јубилеј и славењето на Патрониот …

Continue Reading

Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење. На приредбата, градоначалникот ја нагласи посветеноста на локалната самоуправа за постојано унапредување на овој Центар. „Нашата општина има инклузивен и хуман пристап кон сите граѓани, а токму овој Центар е доказ за тоа“, …

Continue Reading

„Заедно низ боја и тон“: Општина Карпош го одбележа меѓународниот ден на лицата со попреченост

Под слоганот „Заедно низ боја и тон“, основците од ООУ „Владо Тасевски“ на свој креативен начин го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со атипичен развој – 3 декември, организирајќи во рамки на своето училиште инклузивен уметничко-музички настан. Иницијатор на денешниот настан беше специјалниот едукатор Весна Филиповска, а во организацијата учествуваа и образовните асистенти: Ирена Милевска, Ивана Јанкуловска, Светлана Блажевска, Кристина …

Continue Reading

4 декември: Концерт на Балетскиот оддел во ООМУ „В. Карајанов“ – „Балетски фрагменти од Лебедово Езеро“

Во рамките на годишната програма „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и по повод јубилејните 30 години балетско образование во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, како и 150 години од создавањето на еден од најзначајните балети во историјата на класичната музика- „Лебедово Езеро“ од П. И. Чајковски, ќе се одржи свечен балетски концерт под наслов „Балетски фрагменти од „Лебедово Езеро““. …

Continue Reading

ПРОМОВИРАНО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКАТА АРХЕОЛОШКА АЗБУКА“

Во рамки на програмата посветена на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирано второто издание на „Охридската Археолошка азбука“ од авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска- Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов.  Книгата е наменета за третоодделенците од охридските основни училишта  за да помогне во нивното јазично …

Continue Reading

Општина Илинден, со членовите на хуманитарното здружение „Илинден“, го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп

По повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје. На приемот, градоначалникот ја истакна важноста од континуирана поддршка и создавање рамноправни услови за сите лица со хендикеп. Георгиевски истакна дека овие наши …

Continue Reading

Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците

Од 11:15 часот сообраќајот на ГП Богородица (од Грчка страна) е во прекин (блокиран) за секаков вид на возила поради штрајк на земјоделци, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае …

Continue Reading