Струмичките ученици со силни пораки за поддршка и разбирање на лицата со попреченост


594067485_1285103276974340_4664412021296952715_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа литературно – ликовна манифестација во организација на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, а во соработка со Здружението на деца со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Поводот за овој настан беше објавениот конкурс за литературни и ликовни дела за ученици од основните и средните училишта од Струмица и државата, а целта поттикнување на свеста за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со попреченост.


На конкурсот пристигнале вкупно 264 трудови од кои литературни 115, а останатите 149 се ликовни творби, преку кои учениците испратија пораки за пријателство, емпатија и колку е важно да се разберат луѓето околу нас. Награда и пофалба за творби со силен уметнички квалитет и емоционален израз доби СОУ „Јане Сандански“ со менторите Наташа Георгиева дефектолог и професорот по ликовна уметност, Митко Тошев.

На најдобрите им беа доделени награди, а програмата беше збогатена со инспиративни приказни и со музички настап на талентирани девојчиња.

The post Струмичките ученици со силни пораки за поддршка и разбирање на лицата со попреченост appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK