Победивме во 95% од избирачките места, да се обединиме во вториот круг, повика Герасимовски

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој на овие избори бара втор мандат како кандидат на СДСМ вели дека победил во 95 отсто од гласачките места и повика сите кои се премислуваат или имаат дилеми да го поддржат во вториот круг. „Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера. Благодарен сум што граѓаните на Центар, како и секогаш, одлучија да …

Continue Reading

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција. „Во втор круг одиме и во Студеничани, каде што водиме во однос на независниот кандидат. Уште од првиот круг натпреварот е завршен — имаме наши градоначалници во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница“, изјави …

Continue Reading

Обвинителе дали ќе мрднете, не ви е јасно што се случува во Злокуќани?, праша Јакимовски кажа дека оди во втор круг

Досеганиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на  овие избори бара петти мандат од граѓаните, вечерва кажа дека влегува во втор круг по 40 отсто избројани гласови. Повика Обвинителството да ги расчисти сомневањата за изборен поткуп во Злокуќани. „Имавме достоинствени избори во нашата општина. Во глобала ова беше фер и демократски ден и голем чин за граѓаните на општина Карпош. …

Continue Reading

ДУИ прогласи победа во Гостивар во прв круг

Уште во првиот круг е затворена големата победа во Гостивар, со една глабока разлика 6:1 наспроти кандидатот на „Вреди“, соопшти Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција. Во Кичево и Струга, како што рече, нивните кандидати влегуваат во втор круг, со противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ. „Ме информираат соработниците дека за првпат е напишана историја во Чашка“, додаде Адеми. ДУИ претходно прогласи победа …

Continue Reading

Пецаков прогласи победа во прв круг: Ќе има повеќе од 10.000 разлика

Кирил Пецаков прогласи победа во прв круг и им заблагодари на охриѓани што му дале доверба за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека досега ниту еден градоначалник не добил таква поддршка, а очекува голема разлика и за советничките листи. „Голема благодарност до охриѓани за, јас би рекол, референдумската поддршка која што ја добив. Историски најголема поддршка што некогаш на кои …

Continue Reading

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот штаб веќе почна славење. Според партиските анализи, „Вреди“ води и во Сарај, Желино, Теарце. Очекуваат 4 до 7 градоначалнички места уште во првиот круг.

Continue Reading

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип: Разликата е над 15.000 гласови, благодарам штипјани!

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи објви дека градот направил вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! „Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја …

Continue Reading

Герасимовски го оствари своето право на глас и повика на мирни и фер избори

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го остварија нивното право на глас во Дебар Маало. Герасимовски истакнува дека овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар. „Заедно со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Овој ден …

Continue Reading

(Видео) Уапсени две лица од Крушево за поткуп при избори и гласање

Две лица се уапсени, а пет се повикани на разговор во полиција во врска со кривично дело поткуп при избори и гласање, соопшти МВР. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со …

Continue Reading