Мојсова: Идниот градоначалник ќе го следам будно зошто веќе ги познавам проблемите кои го тиштат Карпош

Поминав една долга и реално неправедна борба со идеја за подобра иднина на мојата општина. Им благодарам на сите што гласаа за мене зошто веројатно ме препознаа како исполнителна и посветена кандидатка со визија и чесни намери према граѓаните и работењето на општината, вели Маја Мојсова која беше кандидатка за градоначалничка на општина Карпош од редовите на СДСМ. „За мене …

Continue Reading

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена, а промената во Центар е неизбежна

Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е, оценува тој, опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. „Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски …

Continue Reading

Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината, сигурен сум дека граѓаните нема да гласаат за таков човек

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, посочи дека противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на црната листа на САД. „И да не забораваме тој е веќе осуден од Основниот суд за криминал во општината, така што тој е човекот којшто е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош …

Continue Reading

Kандидатите на Вреди и ДУИ ќе се соочат во втор круг во Тетово, Касами е во водство

Кандидатите за градоначалници на Вреди и коалицијата НАИ, преводена од ДУИ, Билал Касами и Бајрм Реџепти ќе се соочат во вториот круг во трката за градоначалник. Според пребројани 100 проценти од гласовите и објавени на страната на Државната изборна комисија (ДИК), Касами од Вреди освоил 45,64 проценти од гласовите или 19.028 гласа, а Реџепти има 36,63 отсто, односно 15.272 гласа. …

Continue Reading

Герасимовски денеска со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон. „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска …

Continue Reading

Максим Димитриевски оди во втор круг во трката за Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вториот изборен круг ќе се бори за нов мандат. Според податоците објавени на страницата на Државната изборна комисија, Димитриевски освоил 37,89 отсто од гласовите или 16.183 гласа, додека втор е независниот Горан Стојковски со 13,92 проценти од гласовите, односно 5.946 гласови. Според досега објавените податоци, третопласиран во Куманово е …

Continue Reading

Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори. Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 …

Continue Reading

Јанчев прогласи победа во Кавадарци

По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, објави досегашниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи. „Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати! Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија“, порача Јанчев. Им се заблагодари …

Continue Reading

Димитриевски објави убедливо водство во Куманово, советничката листа на ЗНАМ во овој град со извојувана победа

Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден. Овој пат како што рече ниту во Куманово, ниту во Македонија не се забележува како кандидатите за градоначалници ги бркаат полициски тимови или дополнително се врши притисок на сите нив. „Според 80% обработени податоци во нашиот аналитички центар, јас како кандидат водам убедливо …

Continue Reading