Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во „Систина“
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, најави проект за бесплатни прегледи за остеопороза во соработка со приватната болница „Аџибадем Систина“. Тој истакна дека по неговото доаѓање на градоначалничката функција, по 10 жени постари од 50 години месечно ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза, што ќе биде дел од поширока иницијатива за превентивна здравствена заштита. Лукровски додаде …
Continue Reading
Општина Центар: Отстранети двете паднати дрвја
Општина Центар известува дека екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ навремено интервенираа и ги отстранија двете дрвја кои паднаа во близина на ООУ „Киро Глигоров“. Благодарение на нивната брза реакција, улицата е целосно расчистена и повторно ставена во функција, додаваат од општината.
Continue Reading
Мајсторски концерт на пијано: Глигор Гелебешев во родната Гевгелија
Глигор Гелебешев се претстави во родната Гевгелија со солистички концерт на пијано, гостувајќи во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Концертот се одржа на 26 октомври 2025 година, во хотел „Аполонија“, пред своја публика која со внимание и восхит го следеше настапот на познатиот македонски пијанист. Вечерта на домашен терен помина во знакот на класичната …
Continue Reading
Лабудовиќ: Пензионерите не се бројка, тие се генерацијата што го изгради општеството, а сега е време да им возвратиме со почит
Еднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар чија пензија не е повисока од просечната пензија како и 12.000 денари за сите нови корисници на пензија во општината. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, претстави една од мерките во својата програма, за финансиска и социјална поддршка за пензионерите како симбол на благодарност, почит и грижа …
Continue Reading
Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина
Нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители. Затоа, предвидуваме целосна реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби, како и воведување комунална полиција со широки овластувања. Таа ќе биде во служба на граѓаните, со задача да обезбеди ред, чистота и безбедност во секое маало, на секоја …
Continue Reading
ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија со препораки за безбедна грејна сезона
ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголема претпазливост и внимателност во текот на грејната сезона, која започна на 15 октомври. Со цел превенција од пожари и заштита на имотот и животите на граѓаните, се препорачува преземање на следните мерки и активности: – редовно одржување и чистење на оџаците и димоводните …
Continue Reading
27 октомври: Промоција на „Многугласие“- збирка со поезија од ученици во СОУ „Ј. Јосифовски“
Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 29 октомври (среда), со почеток во 19:00 часот, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“, ќе се одржи промоција на збирка песни од ученици при Училиштето, насловена „Многугласие“. Настанот претставува уште едно сведоштво за творечката енергија и уметничкиот израз на младите генерации во Гевгелија. Проектот опфати ангажирање на …
Continue Reading
Димитриевски: Ќе воведеме втора целосно бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за сите резиденти на овие месни заедници
Дождот не ги спречи граѓаните да присуствуваат во голем број на локалниот граѓански собир кој се одржа на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, при што сите заедно упатија силна порака: Во недела на избори повторно ќе победат граѓаните на Куманово, а градоначалник ќе биде Максим Димитриевски, бидејќи Куманово заслужува дела, визија и континуитет во развојот на градот, известуваат од ЗНАМ. …
Continue Reading
Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот. Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат …
Continue Reading