Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца


50494690_221934375426345_6552993098572496896_n-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години.


Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.

Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.

Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.

Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.

Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK