3. седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 14 ноември

На 14 ноември 2025 година, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 3. седница. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа е предвиден следниот дневен ред: 1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година за период (01.01.2025 – 30.09.2025 …

Continue Reading

12 ноември: „Од класицизам до македонизам“- Концерт на квартетот „Стрингендо“

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025“, на 12 ноември 2025 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи Концертот „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“. Квартетот го сочинуваат Љубица Делева Поповска- виолина, Олгица Шундиќ- виолина, Љупка Каевиќ- виолончело и Наташа Лазаревска- обоа. Концертот „Од класицизам до македонизам“ на квартетот …

Continue Reading

Без вода денеска делови од Центар и Сарај

Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар. Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за …

Continue Reading

Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.

Continue Reading

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“. Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира. „Досега …

Continue Reading

7-Ноемвриска свечена седница на Советот на Општина Гевгелија и признанија за граѓани

На 7 ноември 2025 година, Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 2. седница којашто имаше свечен карактер по повод 81 година од историскиот настан- Денот на ослободувањето на градот. На седницата присуствуваа: претставници од збратимените и пријателски општини (Инџија и Парачин- Србија, Јабланица- Босна и Херцеговина, и Гвозд и Копривнички Иванец, Хрватска), како и гости од државни и локални …

Continue Reading

7-Ноемврискиот концерт на „Гортинија“- музичка круна на Свечената седница

По затворањето на Свечената седница на Советот на Општина Гевгелија, којашто се одржа на 7 ноември 2025 година по повод Денот на ослободувањето на Гевгелија, културниот дел од празничната програма продолжи со Концерт на Градскиот мешан хор „Гортинија“, во Народниот театар- Гевгелија. Под диригентската палка на маестро м-р Илија Атанасов, хорот изведе разновидна програма која го обедини класичното и народното …

Continue Reading

Во чест на Илија Џаџев- Општина Гевгелија му возврати со вечен спомен: свечено откриена неговата скулптура

Во знак на благодарност и длабока почит кон човекот кој со својата музика и педагошка работа ја збогати културната и општествената сцена на градот, Гевгелија му возврати со вечен спомен-спомен-обележје што засекогаш ќе ги чува ликот и делото на Илија Џаџев. Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и во чест на Општинскиот празник- 7 Ноември, …

Continue Reading

За 7 Ноември пречек на збратимените и пријателски општини и полагање цвеќе пред спомен-обележјата

Општина Гевгелија, на самиот ден, го одбележа Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со повеќе свечени активности. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ги пречека делегациите од збратимените и пријателски општини. Годинава, на седмоноемвриското чествувањето се приклучија: Јабланица (Босна и Херцеговина), Гвозд и Копривнички Иванец (Хрватска) и Парачин (Србија), кои со своето присуство го потенцираа долгогодишното пријателство …

Continue Reading