Детскиот карневал ја потврди иднината на струмичката традиција

На Струмица ѝ е загарантирана карневалската иднина.Тоа денеска најдобро го потврдија најмладите струмичанчиња кои со насмевки, креативност и многу енергија учествуваа на традиционалниот Детски карневал. Спортската сала беше исполнета до последно место и претворена во вистинска карневалска бајка. Децата блескаа во шаренилото на маски, најчесто инспирирани од нивните омилени јунаци, а внимателно изработени од вредните раце на нивните мајки, баби, …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел; – во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош; – во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од …

Continue Reading

Без вода денеска дел од Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

Continue Reading

Дебар Маало доби 24-часовна бесплатна Wi-Fi мрежа, наскоро и во Капиштец

Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена …

Continue Reading

Ново електронско издание на „Гевгелиски магазин“

Првото електронското издание на општинскиот гласник „Гевгелиски магазин“ донесува повеќе информации за случувањата и актуелностите во општина Гевгелија. Во новиот, 109. број, „Гевгелиски магазин“ се осврнува на активностите нa локалната самоуправа во текот на изминатата 2025 година, преку сеопфатен преглед на реализираните проекти, мерки и активности од значење за граѓаните. Покрај редовните рубрики, „Гевгелиски магазин“ ја донесува и традиционалната рубрика …

Continue Reading

Карневалска магија на сцена: „Аладин и волшебната ламба“ го воодушеви Струмица

Во духот на боите, смеата и магијата на Струмичкиот карневал, вечерва во НУЦК „Антон Панов“ успешно заврши карневалскиот мјузикл „Аладин и волшебната ламба“. Овој настан како дел од официјалната карневалска програма, внесе дополнителен сјај во деновите на карневалското славје, привлекувајќи голем број посетители од сите генерации. На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, заедно со членови на Советот …

Continue Reading

Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“. Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката. ,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно …

Continue Reading

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман …

Continue Reading

100 дена за Прилеп!

Во Општина Прилеп се одржа настан посветен на првите 100 дена од мандатот на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Дејан Проданоски. На настанот беше презентирано сработеното, реализираните проекти и приоритетите за наредниот период, во духот на транспарентност и отчетност кон граѓаните. „Сто дена можеби изгледаат како краток временски период, но кога тие денови се исполнети … The post 100 дена …

Continue Reading