Промовиран најновиот сингл на Дани Димитровска „Има љубов во нас“

Пејачката Дани Димитровска вчера во АудиоКултура го промориваше најновиот сингл „Има љубов во нас“ од нејзиниот нов албум. -Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубовта е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти …

Continue Reading

Меѓународна конференција на МТФ „Војдан Чернодрински“ за македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност

Театарот има свои посебности од каде што доаѓа, но е универзална уметност и неопходни се соработки и размени на идеи. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е вистинското место, бидејќи сака да ја развива меѓународната програма, беше речено на  меѓународната конференција „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ што денеска се одржа во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во рамките …

Continue Reading

Глумецот Тријт Вилијамс загина во сообраќајка

Американскиот глумец Тријт Вилијамс, чијашто речиси 50-годишна кариера вклучува главни улоги во телевизиската серија „Евервуд“ и филмот „Коса“, загина во сообраќајна несреќа со судир на мотор и теренец во американската сојузна држава Вермонт, соопшти полицијата. И агентот на актерот ја потврди неговата смрт. Полицијата соопшти дека 71-годишниот Вилијамс бил на својот мотор и носел кацига. Тој не можел да го …

Continue Reading

Глумците и филмовите за коишто зажалиле

Многумина од холивудските ѕвезди отворено признаваат дека ги мразат некои од нивните филмови во коишто глумеле. Следат 10 такви познати и (не)славни примери. Вајола Дејвис – „Помош“, 2011 година Иако Вајола Дејвис беше номинирана за „Оскар“ за улогата во „Помош“ (The Help), таа изјавуваше дека жали што ја глумела куќната помошничка Ајбилин Кларк, бидејќи „гласот на нејзиниот лик не се …

Continue Reading

Шенен Доерти објави дека ракот ѝ се проширил на мозокот

Американската глумица Шенен Доерти, можеби најпозната по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот. „На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг …

Continue Reading

Саманта се враќа во продолжението на „Сексот и градот“, засега во само една сцена

Враќањето на легендарната Саманта Џонс во продолжението на серијата „Сексот и градот“, сега под наслов – „И едноставно така…“ пријатно ги изненади обожавателите кои нетрпеливо ја чекаат втората сезона. Авторката на приказната, Кендис Бушнел говореше за враќањето на Ким Катрал во разговор за списанието „Варајети“. Самата глумица во мај потврди дека ќе се врати како Саманта. Но, засега во само …

Continue Reading

Принцезата Елизабета фон Бизмарк почина на 84 години

Принцезата Елизабета фон Бизмарк, сопруга на германскиот принц Фердинанд фон Бизмарк, почина во неделата навечер на 84-годишна возраст, соопшти семејството вчера. Родена како грофица Елизабета Липенс, таа потекнува од Белгија, а во 1960 година се омажила за принцот Фердинанд (1930 – 2019). Тој пак, е правнук на принцот Ото фон Бизмарк, „железниот канцелар“ на Германија од 1871 до 1890 година. …

Continue Reading

Германската влада повика на заштита за посетителките на концертите на „Рамштајн“ по обвинувањата за сексуална злоупотреба

Германската влада вчера повика на мерки за заштита на женската публика на концертите на хеви-метал бендот „Рамштајн“ во земјата по обвинувањата за сексуална злоупотреба против пејачот. Пејачот Тил Линдеман (60) е обвинет за сексуална злоупотреба од неколку жени, објави претходно државната телевизија „НДР“. Пејачот е осомничен дека одбирал девојки од првите редови на еден концерт и ги канел на забава …

Continue Reading

Почина пијанистот Џорџ Винстон

Џорџ Винстон, познатиот соло-пијанист кој има продадено повеќе од 15 милиони албуми во неговата кариера, почина викендов, на 4 јуни. Веста е објавена денеска. Тој имаше 73 години. Смртта на Винстон е потврдена на неговата интернет-страница. Тој се борел со ракот 10 години, а во 2013 година е подложен на трансплантација на коскена срж. Во целата негова кариера, Винстон наоѓаше …

Continue Reading