Посребрено пенкало што Ева Браун му го подарина на Хитлер, оди на наддавање
Хемиско пенкало обложено со сребро, коешто му припаѓало на германкиот нацистички лидер Адолф Хитлер, ќе биде понудено на наддавање во Белфаст, Северна Ирска, следниот месец. Според наводите, пенкалото било подарок од долгогодишна партнерка на Хитлер, Ева Браун за неговиот 52 роденден на 20 април 1941 година. Се проценува дека тоа ќе достигне цена меѓу 50.000 и 80.000 фунти (58.000 до …
Continue Reading
Песочнo земјиште во Дубаи продадено за 32 милиони евра
На островот Џумеира кај Дубаи, парче песочна земја од 24.500 квадратни метри е продадено за скоро 32 милиони евра. Ова е една од 128 парцели што беа понудени како недвижен имот на овој вештачки остров. Малото копно среде море има облик на морско коњче, а тука се наоѓа и луксузниот хотел на италијанскиот бренд „Булгари“. На островот има и пристаништа …
Continue Reading
Младите и домувањето – тема на првиот Фестивал за домување во Скопје
Во Паркот на Франкофонијата во Скопје вчера се одржа првиот „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“ во организација на Организацијата за домување и станари (ОДС), Фондацијата „Фридрих Еберт” (ФЕС) и Социјалдемократската младина на Македонија. – На фестивалот се отворија прашања поврзани со домувањето и потребите на младите лица, граѓанското учество во донесувањето одлуки поврзани со домувањето …
Continue Reading
Во Њујорк забранета дискриминација врз основа на висина и тежина
Луѓето кои се дебели, високи или ниски, во американскиот град Њујорк ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот кој синоќа го потпиша градоначалникот Ерик Адамс – мерка за која неговите поддржувачи се надеваат дека ќе биде спроведена и во други градови. Законот, презентиран од градскиот советник Шон Абреу, забранува дискриминација врз основа на висина и …
Continue Reading
Тикток добива свој чет-бот
Кинеската платформа за видеа, Тикток тестира чет-бот, наречен „Тако“ што ќе може да се користи како пребарувач и за навигација. Новиот чет-бот со вештачка интелигенција ќе може да препорача видеа врз основа на пишани команди обезбедени од корисникот. Тоа може од корен да го промени начинот на кој корисниците ја користат оваа социјална мрежа. Може да се пребаруваат содржини на …
Continue Reading
„Гугл“ ја отстрани новата видеоигра каде што „се купуваат и продаваат“ робови црнци
Видеоиграта „Slavery Simulator“, каде што играчите можат „да купуваат и продаваат“ поробени црнци, е отстранета од виртуелната продавница на „Гугл“, по бранот критики од бразилските корисници на социјалните мрежи, пренесува Си-ен-ен. Апликацијата, развиена од „Магнус гејмс“ (Magnus Games), е поставена на „Гугл плеј-стор“ на 20 април и била преземена повеќе од илјада пати пред да биде отстранета завчера. Инаку, бразилското …
Continue Reading
Татко и син од САД 10 години мамеле на лото, заработиле над 20 милиони долари
Американскиот Сојузен суд неделава осуди татко и син од сојузната држава Масачусетс за незаконско стекнување на повеќе од 20 милиони долари од добивки на лотарија и лажни даночни пријави за да избегнат плаќање од над шест милиони долари во даноци. Али Џафар (63) е осуден на пет години затвор, а неговиот 29-годишен син Јусеф Џафар е осуден на 50 месеци …
Continue Reading
Пинг-понгoт благотворен за лицата со Паркинсонова болест
Пинг-понгoт бара брзи движења, фина моторика и концентрација. Така, некои стручњаци сметаат дека тоа може да помогне во забавување на симптомите на Паркинсоновата болест. Таков поголем турнир деновиве се одржа во Дизелдорф, Германија. Луѓе од различни возрасти од 15 земји се собраа во градот за да играат против заедничкиот непријател – Паркинсоновата болест. Настанот годинава е организиран од германското здружение …
Continue Reading
Шерпасот Ками Рита по 28. пат го достигна врвот Еверест
Непалскиот планинар Ками Рита, познат како „човекот на Еверест“, денеска по 28. пат го освои највисокиот врв на Хималаите, соборувајќи го сопствениот рекорд поставен минатата седмица. „Ками Рита утрово вторпат (за една недела) го достигна врвот Еверест. Тоа му е 28. пат“, објавија организаторите на експедицијата. Шерпасот Пасанг Дава (46) вчeрa го израмни претходниот рекорд на Ками Рита, достигнувајќи го …
Continue Reading