Младите и домувањето – тема на првиот Фестивал за домување во Скопје

festival domuvanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Паркот на Франкофонијата во Скопје вчера се одржа првиот „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“ во организација на Организацијата за домување и станари (ОДС), Фондацијата „Фридрих Еберт” (ФЕС) и Социјалдемократската младина на Македонија.







– На фестивалот се отворија прашања поврзани со домувањето и потребите на младите лица, граѓанското учество во донесувањето одлуки поврзани со домувањето и домувањето од аспект на родовата еднаквост, се наведува во соопштението на ОДС.

Воведни излагања имале координаторката на програмата во Фондација „Фридрих Еберт“, Ивана Вучкова, претседателката на Организација за домување и станари, Маја Сталеска и претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Марко Михаилоски.

– На првиот „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“, учество зедоа и експертите Гудмундур Храфн Арнгримсон од Унија на станари – Исланд, Јохан Пелинг од Унијата на станари – Шведска, како и Ханс Еклунд од Меѓународното здружение на станари. Исто така, презентирани беа методологијата и софтверскиот калкулатор за регулирање на пазарот на издавање на недвижнини од страна на експертката консултант Александра Шумкоска, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK