Пиете кафе веднаш штом ќе се разбудите? Експертите објаснуваат зошто не треба
Многумина го започнуваат денот со шолја кафе, но експертите советуваат пред тоа да испијат чаша вода. Кафето на празен желудник кај некои луѓе може да предизвика дигестивни тегоби и привремено зголемување на крвниот притисок. Кофеинот има благо диуретично дејство, односно може да го зголеми излачувањето течности преку урината. Овој ефект е поизразен кај луѓето што не пијат кафе редовно или …
Continue Reading
Три хороскопски знаци кои најтешко простуваат неверство
Неверството за некои луѓе е грешка што можат да ја простат, додека за други претставува граница по која нема враќање назад. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено ја ценат верноста и искреноста во љубовните односи, а кога партнерот ќе ги изневери, тешко повторно ја враќаат довербата. Меѓу нив се издвојуваат Шкорпијата, Лавот и Бикот. Шкорпија – предавството не се заборава …
Continue Reading
Синди Лопер за тешкиот период од нејзиниот живот: Се криев од музичарите што ги познавав
Синди Лопер се потсети на периодот кога, по распадот на бендот „Blue Angel“, работела во продавница за винтиџ облека во Њујорк, пред да стекне светска слава како соло пејачка. Таа призна дека ѝ било непријатно кога музичари што ги познавала доаѓале во продавницата, објавува Vijesti.me. Пејачката, која има 73 години, била членка на бендот „Blue Angel“ на почетокот на својата …
Continue Reading
(Видео) Дац и Александар објавија обработка на „Ѕма Ѕма Ѕм“ од Славе Димитров
Музичкото дуо Дац и Александар ја објави својата обработка на песната „Ѕма Ѕма Ѕм“. Изданието е посветено на Славе Димитров по повод неговиот 80. роденден, а продукцијата ја потпишува Дарко Димитров. Во спотот снимените учесници се дел од филмска кабаре-приказна, обликувана и со помош на AI-алатки. Меѓу нив се Дац и Александар и Славе Димитров. Новата песна и видеото беа …
Continue Reading
Карди Би го откри името на синот по една година, зад него стои посебна приказна
Раперката Карди Би го откри името на својот син, една година по неговото раѓање. Момчето, чиј татко е играчот на американски фудбал Стефон Дигс, се вика Греј Марсин Дигс (Grey Marsean Diggs). Таа го сподели неговото име во објава на Instagram по повод неговиот прв роденден, кој семејството го прослави со забава инспирирана од серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy). …
Continue Reading
Откриен диносаурус што се хранел со овошје, живеел пред 66 милиони години
Научници открија нов вид диносаурус кој живеел пред околу 66 милиони години и, за разлика од своите месојадни предци, најверојатно се хранел претежно со овошје. Откритието, објавено во научното списание „Nature Communications“, дава нови сознанија за исхраната и еволуцијата на праисториските животни. Фосилните остатоци се пронајдени во геолошката формација Хел Крик во САД. Новооткриениот вид, наречен *Infernogallus jamesi*, бил мал …
Continue Reading
Скандал околу наследството на Брижит Бардо: Објавено нејзино приватно писмо, партнерот иселен од вилата
Спорот околу наследството на починатата француска актерка Брижит Бардо дополнително се заостри откако во јавноста се појави нејзино приватно писмо, во кое таа остро го критикува својот долгогодишен партнер Бернар де Кјара, со кого поминала повеќе од 30 години, пренесува Би-би-си. Во рачно напишаното писмо од ноември 2022 година, Бардо го обвинува партнерот дека „трпеливо ја уништува од ден на …
Continue Reading
(Фото/Видео) Сиена Милер во мини фустан, како штотуку да слегла од модната писта
Сиена Милер и Кристијан Бејл го промовираа својот нов филм „Madden“, при што актерката донесе вистинска магија од 90-тите на црвениот тепих, појавувајќи се во монохроматско издание што потсетува на принцеза, надополнето со опуштени руси бранови на косата. Само неколку дена откако ги воодушеви присутните на еден настан во Лос Анџелес – на кој присуствуваше со својот свршеник, Оли Грин …
Continue Reading
Две распродадени вечери, една заедничка порака: „Екотип“, Дарко Рундек, „Хаустор“ и екипата за бистрите извори
На 5 и 6 ноември, Македонската филхармонија ќе биде домаќин на два распродадени концерта на Дарко Рундек, „Хаустор“ и Екипа. Со поддршка на ЕКОТИП како главен спонзор, овие музички вечери носат порака што го надминува концертното доживување: „За бистрите извори!“ Партнерството претставува природна средба на уметноста и технологијата, обединети околу заеднички вредности – почит кон природата, слобода на изразувањето и …
Continue Reading