Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994

Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа. Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.

Continue Reading

(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата. „Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. …

Continue Reading

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

Continue Reading

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите. „Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ. …

Continue Reading

(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите. „Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва. Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат. „Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката …

Continue Reading

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во наредните четири години. Тој вели дека ќе ја оправда довербата што му е дадена. „Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, кажа Митески.

Continue Reading

Владко Грозданов нов градоначалник на Кочани

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, прогласи победа на изборите. „Драги мои сограѓани, чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност. Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача. …

Continue Reading

Александар Јовановски прогласи победа во Кичево

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, прогласи победа. Противкандидат му беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ. По видеото објавено на „Фејсбук“ во Кичево се собрани голем број поддржувачи на Јовановски кои ја слават неговата победа по улиците.

Continue Reading

Тошковски ги оцени изборите како најмирни по последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Изборниот процес кажа дека минал без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани кои би го довеле во прашање интегритетот на изборите. …

Continue Reading