ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6
ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на мандати, според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, е 18, што е тројно повеќе од второпласираната Левица во советот која пак има 6 мандати. Левица е второпласирана по бројот на гласови во Советот, со освоени 11,83 проценти од гласовите, односно …
Continue Reading
„Филипче е целосно декласиран, да си даде оставка, го изгуби бастионот Струмица, а во Скопје не успеа да влезе ниту во втор круг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и Влен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв …
Continue Reading
СДСМ по изборите: Oстануваме втора најсилна партија, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат пад на поддршката
По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад на поддршката во споредба со минатогодишните избори. Според анализите што ги презентира партијата, ВМРО-ДПМНЕ изгубила околу 135.000 гласа, што претставува пад од 30,8%, додека ЗНАМ има пад од 56.200 на 38.034 гласа, односно околу 33% помалку. Од СДСМ нагласуваат дека …
Continue Reading
Максим Димитриевски оди во втор круг во трката за Куманово
Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вториот изборен круг ќе се бори за нов мандат. Според податоците објавени на страницата на Државната изборна комисија, Димитриевски освоил 37,89 отсто од гласовите или 16.183 гласа, додека втор е независниот Горан Стојковски со 13,92 проценти од гласовите, односно 5.946 гласови. Според досега објавените податоци, третопласиран во Куманово е …
Continue Reading
Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“
Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори. Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 …
Continue Reading
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот
Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со …
Continue Reading
Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев
Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За прв пат влегуваме во Советот на Општина Тетово, Виница, Берово, Пробиштип, Лозоово, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани, Струга, Дебарца и Ресен. Покрај во главниот град втора партија пред СДСМ, Левица станува во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и …
Continue Reading
Јанчев прогласи победа во Кавадарци
По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, објави досегашниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи. „Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати! Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија“, порача Јанчев. Им се заблагодари …
Continue Reading
Димитриевски објави убедливо водство во Куманово, советничката листа на ЗНАМ во овој град со извојувана победа
Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден. Овој пат како што рече ниту во Куманово, ниту во Македонија не се забележува како кандидатите за градоначалници ги бркаат полициски тимови или дополнително се врши притисок на сите нив. „Според 80% обработени податоци во нашиот аналитички центар, јас како кандидат водам убедливо …
Continue Reading