Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека целосно пуштена за сообраќај е скопската обиколница. „Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила“, велат од МВР. Претходно, поради пожар затворена беше обиколницата од Радишани до Тетово.

Continue Reading

Поради пожар затворен дел од скопската обиколница

Поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, соопшти МВР. Полицијата информира и дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.

Continue Reading

Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. „Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП …

Continue Reading

Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар

Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар, информира АМСМ. „Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правци поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, се вели во информацијата.

Continue Reading

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните …

Continue Reading

Целосно нормализиран сообраќајот на граничниот премин Блаце, на другите премини нема подолги задржувања

Од 09:00 часот, сообраќајот на граничниот премин Блаце е целосно нормализиран за сите видови возила, соопшти АМСМ. Поради завршување со градежните работи на “Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по …

Continue Reading

Сообраќајот на ГП Блаце во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила

Од 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила, а наизменично движење за ТТМВ со хладњачи додека за ТТМВ со церади движењето е се уште забрането, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните …

Continue Reading

Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце. Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.

Continue Reading

Наизменично се пропуштаат возила од и кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека почна наизменично пропуштање на возила на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во едниот, па во другиот правец. Од таму апелираат до граѓаните, доколку тоа не е неопходно, да не тргнуваат кон ГП Блаце, се до целосно нормализирање на сообраќајот, односно целосно гасење на пожарот во близина на патот.

Continue Reading