Поради реконструкција, времен сообраќаен режим на улицата „Панде Кајзерот“
Од утре започнува реализацијата на проектот за реконструкција на канализациона мрежа и реконструкција на коловоз на “улицата „Панде Кајзерот, во должина од 390 метри. За време на градежните активности сообраќајот на оваа улица ќе се одвива согласно одобрен основен сообраќаен проект за времена измена на режим на сообраќај.
Continue Reading
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај
Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Continue Reading
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон Блаце пуштен само за патнички возила
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека целосно пуштена за сообраќај е скопската обиколница. „Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила“, велат од МВР. Претходно, поради пожар затворена беше обиколницата од Радишани до Тетово.
Continue Reading
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница
Поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, соопшти МВР. Полицијата информира и дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.
Continue Reading
Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. „Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП …
Continue Reading
Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар
Сообраќајот на патот кај Блаце е пренасочен поради пожар, информира АМСМ. „Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце е пренасочен во двата правци поради појава на пожар на потегот по БП Дизел, спроти базата на „Гранит“, се вели во информацијата.
Continue Reading
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните …
Continue Reading
Целосно нормализиран сообраќајот на граничниот премин Блаце, на другите премини нема подолги задржувања
Од 09:00 часот, сообраќајот на граничниот премин Блаце е целосно нормализиран за сите видови возила, соопшти АМСМ. Поради завршување со градежните работи на “Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по …
Continue Reading
Сообраќајот на ГП Блаце во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила
Од 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила, а наизменично движење за ТТМВ со хладњачи додека за ТТМВ со церади движењето е се уште забрането, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните …
Continue Reading