Кривична пријава за охриѓанец: бесправно градел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата.

Continue Reading

Уапсен возач од тетовско, возел пијан во спротивна насока

Синоќа во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско. Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол …

Continue Reading

Скопјанец насилно турнал момче во багажниот простор од возилото и барал да му каже кој удирал со снежни топки: го нападнал и неговиот другар

Ноќеска во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според …

Continue Reading

За долг од 20.000 евра барале да им се исплатат 50.000: тројца скопјани со закани по живот изнудувале пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.

Continue Reading

Полицајка издала службена тајна: на мобилниот од брат и кажала дека полицијата ќе извидува со дронови

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на …

Continue Reading

Скопјанец со пушка им се заканувал на сопругата и децата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(56) од Скопје. Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Според полицијата, пријавениот, со пушка, која ја поседувал без дозвола, упатувал закани на неговата сопруга и неговите деца. По преземени мерки, полициски службеници од него одзеле пушка калибар 9 …

Continue Reading

Прегазено 19-годишно девојче од Скопско: со тешки повреди пренесенo на Клиника

Синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа …

Continue Reading

Кривична против маж од Дебар: на државна парцела неовластено изградил деловен објект

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела во Дебар во државна сопственост, спротивно на Законот за градба, неовластено изградил деловен објект.

Continue Reading

Извадил пушка пред адвокатска канцеларија во Кичево и се заканувал: уапсен маж од кичевско

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 47-годишниот Ф.Б. од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading