(Фото) Претреси во валандовско: четворица уапсени, пронајдени и одземени околу два килограми дрога
Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 …
Continue Reading
Уапсени три лица од Неготино и неготинско: од нив се одземени ловечка пушка и дрога, следува соодветна пријава
На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско. При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет …
Continue Reading
Тинејџер нападнат во училишен двор во Влае по расправија на социјална мрежа
По претходно недоразбирање на социјална мрежа, 14-годишно момче било физички нападнато од друг малолетник во дворот на основно училиште во скопската населба Влае. Инцидентот се случил на 21 јануари, околу 12 часот, а нападот го пријавил таткото на оштетениот, Ш.Ч. (39) од Скопје, еден ден подоцна во Полициската станица Карпош. Според пријавата, неговиот син се здобил со повреди. Од МВР …
Continue Reading
Малолетник ограбен со закани на игралиште во Центар – едниот од напаѓачите бил вооружен со остар предмет
На игралиште во центарот на Скопје, тројца напаѓачи ограбиле малолетник кој бил во друштво со двајца другари. Едниот од сторителите, според пријавата, се заканувал со остар предмет. Инцидентот го пријавил таткото на оштетениот, а според неговата пријава, од син му со закани биле одземени пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Му ветувале посредништво за престој во државата и документи за работа: маж од Турција измамен за сума од над 6. 000 евра
Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот, М.С. од Турција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка …
Continue Reading
Маж се заканувал и ја тепал сопругата пред детето, МВР поднесе кривична
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против 48-годишен маж од овој град, поради семејно насилство. Тој се сомничи за „загрозување на сигурноста“, „телесна повреда“ и „насилство врз дете“. Според информациите на полицијата, на 9 јануари 2026 година, во нивниот семеен дом, мажот се заканувал на својата сопруга. По заканите, тој физички ја нападнал жената. Целиот инцидент …
Continue Reading
45-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Скопје
Вчера во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат П.Б.(45) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Надлежните информираат дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Continue Reading
Пријавени шест лица по инцидент со насилство и оружје во Желино
Полицијата поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово, по инцидент што се случи на 5 ноември 2025 година во селото Желино. Пријавени се: Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според полицискиот билтен, …
Continue Reading
Ја претепал 48-годишната сопруга: уапсен маж од Кичево
Синоќа во 19:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(53) од Кичево. Полицијата постапила по претходна пријава дека тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна сопруга. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading