Инцидент во автобус на JСП: фрлена тегла го скршила прозорецот, повреден 61-годишен патник

Патник е повреден откако непознато лице фрлило тегла кон автобус на ЈСП што сообраќал на линијата 7 во Скопје. Вчера во СВР Скопје било пријавено дека додека автобусот се движел по булеварот „Трета Македонска Бригада“, непознато лице однадвор фрлило тегла кон возилото. Притоа било скршено стакло од еден од прозорците, а со повреди се здобил патникот Т.Б. (61) од Скопје. …

Continue Reading

Во Скопје претепан и ограбен таксист од Гевгелија

Такси возач од Гевгелија бил физички нападнат и ограбен во скопската населба Шуто Оризари, откако превезувал двајца патници кои му рекле дека ќе му платат по пристигнувањето на дестинацијата. Како што соопшти МВР, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале да ги превезе до Шуто Оризари. Според пријавата, тие …

Continue Reading

МВР приведе 10 возачи без дозвола, меѓу нив и двајца малолетници со „мерцедеси“

Десет лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле лишени од слобода во засилени сообраќајни контроли спроведени низ државата, откако биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола или без соодветна категорија, соопшти МВР. Во Скопје биле приведени двајца малолетници, едниот на булеварот „Македонско-Косовска Бригада“, а другиот во село Студеничани, кои управувале автомобили „мерцедес“ без да поседуваат возачка дозвола. На …

Continue Reading

Бран случаи на семејно насилство низ државата

Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрираше повеќе случаи на семејно насилство во Скопје, Радовиш и Струмица, при што во три случаи се извршени приведувања. Во Скопје, 36-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга на подрачјето на Центар. Неколку часа подоцна, и 35-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен …

Continue Reading

Тинејџер и 15-годишна сопатничка тешко повредени во судир на мопед и автомобил кај Охрид

Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта. Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) …

Continue Reading

Мотоцикл удри во седумгодишно дете во Куманово

Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово. Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето. Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на …

Continue Reading

Тринаесетгодишно девојче ја нападнало својата 72-годишна баба во Куманово

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом. Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на …

Continue Reading

Стружанец со 2,56 промили алкохол предизвикал сообраќајка, одземено му е возилото

Четириесет и петгодишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта. Како што соопшти МВР, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта. По …

Continue Reading

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран во оваа скопска општина. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападите се случувале во период од март годинава, па се’ до вчера кога случајот бил пријавен во полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading