Тешко повреден пешак во Брвеница, во него удрил автомобил и избегал
Вчераутро тетовската полиција добила пријава за повреден пешак во Брвеница откога во него удрил автомобил и избегал. „Во селото Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од Брвеница и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопшти полицијата. Увид направила увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки …
Continue Reading
Кривична пријава против 37 – годишна битолчанка, препродавала амфетамин во Битола
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти полицијата. Во ноември и декември 2025 година, пријавената неовластено набавувала амфетамин и го препродавала на корисници во Битола. При преглед кај неа полицијата пронашла и одзела амфетамин.
Continue Reading
Пијан возел нерегистриран мотоцикл, излетал од патот, се повредил и завршил во прилепската болница
Прилепската полиција вчера, три и пол часа по полноќ добила пријава за несреќа со повреден во селото Крушеани. „Во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна …
Continue Reading
Тешко повреден пешак во Шутка откога автомобил со белгиски таблички влета во двор, повреден и е возачот
Синоќа скопската полиција добила пријава а инцидент со повреден пешак и оштетени возила во Шуто Оризари. „На улицата Вашингтонска во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место – патничко …
Continue Reading
Полицаец од граничниот премин Блато внел во земјава швајцарски мопед, па, со лажни таблички, го продал
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Дебар, поднесе кривична пријава против А.Ш. и А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. „Првопријавениот А.Ш., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, во текот на 2025 година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не …
Continue Reading
Кавадарчанец уапсен за измама тешка 9.000 евра
Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ посредување за добивање странски пасош. Како што соопшти МВР, М.Д. (32) бил приведен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, по претходна пријава од оштетената. Според пријавата, осомничениот првично ѝ ветил дека за 400 евра ќе посредува за добивање странски …
Continue Reading
Работник од Индија се превртел со товарно возило на автопатот Кичево–Охрид
Дваесет и петгодишен работник од Индија е пренесен во болница откако со товарно возило се превртел на автопатот во изградба Кичево–Охрид. Според полициските информации, С.Ј. (25) од Индија, кој работел на изградбата на автопатот, управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, кога изгубил контрола и се превртел. Со медицинско возило бил пренесен во Општата болница во Кичево. Увид на …
Continue Reading
15-годишник со мопед излетал од патот во Охрид, тешко повредени тој и 17-годишна сопатничка
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Охрид, откако мопед излетал од патот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска во 00:35 часот и се случила на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид. Според информациите, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил …
Continue Reading
Почетник возел 211 километри на час на автопатот Скопје–Тетово
Полицијата приведе возач почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, кој управувал„фолксваген артеон“ со брзина од 211 километри на час. При сообраќајната контрола, извршена со радар, било утврдено дека И.А. (18), како возач-почетник, возел повеќе од двојно над максимално дозволената брзина од 100 километри на час на автопат. Од МВР соопштија дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, а …
Continue Reading