Вработен во банка во Гевгелија украл околу пет милиони денари и над 63.000 евра од сметки на двајца корисници

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од …

Continue Reading

Со закани присилиле татко и син да им предадат изработено злато: кривични против двајца турски државјани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција. Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“. Имено според полицијата, пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при …

Continue Reading

Приведени девет лица од Батинци: фрлале камења едни кон други, оштетиле и полициско возило

Вчера во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од село Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе …

Continue Reading

Автобус на ЈСП се запалил во движење: возачот го изгаснал пожарот

Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Уапсен 24-годишник во Кисела Вода: физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга

Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот М.С., постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Со возило излетал од булевар во Тетово и прегазил 67-годишник: мажот со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди …

Continue Reading

Мајка пријавила обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка: 25-годишникот од Скопско вели дека се во љубовна врска

Денеска во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 25-годишниот А.С. од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе …

Continue Reading

Во рудникот „Суводол“ пронајдена граната од Првата светска војна

Вчера во 10:20 часот во Полициското одделение Новаци, 50-годишниот Љ.М. од село Логоварди, раководител на обезбедување во РЕК Битола, пријавил дека во рудник „Суводол“ била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 125 мм која потекнува од Првата светска војна.

Continue Reading

Уапсен 15-годишен скопјанец: полицијата пронајде марихуана кај него

Денеска во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.   

Continue Reading