Уапсен 15-годишник од Кичево: со мопед удрил во велосипедист
Вчера во 18:10 часот, на улица „Влашки пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По …
Continue Reading
Расчистени две кривични дела „измама“, откриени се сторителите
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и …
Continue Reading
Пожар на кровна конструкција на две споени куќи во Козле: нема повредени
Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Од гробно место во Бутел украдена бронзена биста
Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 19-годишниот П.Ј. од Србија пријави дека во периодот од октомври 2024 до јули 2026 година од гробното место во Бутел била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Малолетничка нападната од женско лице на подрачјето на Карпош
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, 54-годишната М.М. од Скопје пријавила дека на 17.08.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Кривична против 42-годишник од Пехчево за „насилство врз дете“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 42-годишниот Ф.А. од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.07.2026 на место викано „Парк Езерце”, пријавениот извршил физичко и психичко насилство врз малолетно дете.
Continue Reading
Скопјанец пронајден починат во дворот на семејната куќа во Ќерамидница
Вчера во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал 82-годишниот Т.Б. во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
Акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар: пронајден златен накит без жиг во вредност од 86.959 евра
Вчера во периодот од 11:30 до 21:05 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, спровеле акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, сопственост на Ќ.М.(64) од Гостивар. При контролата, поради непријавување односно немање соодветно обележје (жиг) на златото, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М.(59) одзеде еден килограм …
Continue Reading
Тешко повреден 29-годишник од Гостиварско: изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловозот
Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Падалиште, во село Лакавица, 29-годишниот М.В. од село Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Continue Reading