Уапсен малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово
Вчера вечер на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово уапсија 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со …
Continue Reading
Опожарено возило во Карпош, огнот зафатил уште две други возила и деловен објект
На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата …
Continue Reading
Паднал од електричен тротинет: тешко повреден маж од Кавадаречко
Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Continue Reading
Загина 56-годишен маж: паднал од терасата од куќа
Вчера околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско. Според полицијата тој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа. По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска …
Continue Reading
Уапсен 31-годишен скопјанец, со нож го убил својот татко
Вчера околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 31-годишниот Б.Џ. од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички …
Continue Reading
МВР: Лишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и …
Continue Reading
Тројца скопјани уапсени по кражба во продажен објект во Велес, украдената роба вратена
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода по сомнение дека извршиле кражба во продажен објект во Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти полицијата, на 11 јули во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка, вработена во објектот, пријавила дека забележала …
Continue Reading
Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров
Шест лица учествувале во физичка пресметка на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно случена сообраќајна незгода. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот во СВР Скопје. Според пријавата, во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село …
Continue Reading
Словенец приведен во Прилеп откако го симнал и запалил општинското знаме
43-годишен државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако, според полицијата, го симнал знамето на Општина Прилеп и го запалил. Од МВР информираат дека на 11 јуни во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Ј. (43) пред општинската зграда во Прилеп. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading