Претрес во струмичко, пронајдена дрога: двајца уапсени
Вчера во 17:00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода 21-годишниот Е.Н. и 29-годишниот Џ.М., двајцата од село Банско. При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со марихуана и стебло од растението канабис. Додека, при преглед на Џ.М., кој бил затекнат во домот на Е.Н., била пронајдена …
Continue Reading
Тешко повредено тригодишно дете во лифт во Радишани
Тригодишно девојче со тешки повреди здобиени во лиф во зграда во Радишани е пренесено во болница. Според информациите на МВР, вчера Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22 август околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка …
Continue Reading
140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
Вчера (23.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата, според полицијата биле констатирани 140 прекршоци, од кои 102 се однесувале на управување без задолжително носење заштитен шлем …
Continue Reading
Тепачка во Долна Матка по расправија за прошетка со чамец: семејство нападнато од три лица
На 23.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од село Неготино, гостиварско, пријави дека во 10:30 часот во с.Долна Матка, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Вработен во МВР возел без возачка и со брзина поголема од дозволената: кривична против него
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“. На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за поведување …
Continue Reading
Тешко повреден маж од Неготино: изгубил контрола над мопедот и паднал
На 23.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на крстосница од ул.„Индустриска“ со крак од истата улица, 45-годишниот Р.Т. од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Continue Reading
53-годишна жена од Скопје истепана од нејзината сестра
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријави дека на 22.08.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината сестра. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Го лажела партнерот од Косово дека е трудна и „заработила“ 18.000 евра: кривична против жена од Гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишната Е.Р. од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за …
Continue Reading
Судир меѓу трактор и „голф“ во Липково: тешко повредени две лица
Вчера околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат село Алешевце-село Слупчане, во село Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Ќ.(64) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле …
Continue Reading