Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра

Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје. Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање …

Continue Reading

Договор за продажба на имот со својот татко, па поврат преку катастар: Кривични пријави за службена злоупотреба и измама

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама во постапка поврзана со продажба и поврат на недвижен имот. Според информациите од МВР, пријавениот З.М. (51) од Струмица во 2022 година дал полномоштво на трето лице за продажба на негов имот, иако претходно потпишал изјава дека тој имот нема да го отуѓува, заложува …

Continue Reading

Кривична пријава за маж од Делчево, психички и физички ја малтретирал сопругата

Полицијата поднесе кривична пријава за маж од Делчево кој подолго време психички ја малтретирал сопругата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54- годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, додека …

Continue Reading

Уапсен возач од кратовско, управувал возило со 3,19 промили алкохол и излетал од патот

Полицијата уапси возач од кратовско кој управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот. Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат Татомир – Кратово, во село Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки …

Continue Reading

(Фото) Пронајдена дрога во Скопје, уапсени две лица

Вчера во 15:30 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје. При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана. Ноќеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР …

Continue Reading

Штипјанец со туѓа картичка подигнал 31.000 денари, МВР поднесе кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип, поради сомнеж за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според истрагата, на 20 октомври 2025 година, пријавениот, без согласност и дозвола од едно женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка. Со неовластен пристап до сметката, тој извршил четири успешни трансакции на два различни …

Continue Reading

Државјанин на Камерун фатен на Табановце со туѓа француска лична карта, купена во Скопје за 1.000 евра

Полицијата, вчера, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, го приведе П.М.Ф.Б. (29) од Камерун. При рутинска гранична контрола, утврдено е дека мажот при увид приложил туѓа француска лична карта. Веднаш потоа, преку проверка, евидентирано е дека документот е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол. Од понатамошната истрага констатирано е дека државјанинот на Камерун претходно бил регистриран …

Continue Reading

Малолетници од Радовиш подметнале пожар на автобус паркиран во училиштен двор

Синоќа во полицијата во Радовиш било пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворното место на Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во овој град. На местото на инцидентот веднаш пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, која успешно го локализирала и изгаснала пожарот и нема повредени лица. По преземените истражни постапки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил намерно предизвикан …

Continue Reading

Уапсени двајца скопјани: пронајдена дрога

Вчера во 12:30 часот на улицата „Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 31-годишниот М.А. од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана. Исто така вчера, во 12:00 часот на улицата „Волковска“ во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР …

Continue Reading