Тинејџер и 15-годишна сопатничка тешко повредени во судир на мопед и автомобил кај Охрид

Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта. Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) …

Continue Reading

Мотоцикл удри во седумгодишно дете во Куманово

Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово. Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето. Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на …

Continue Reading

Тринаесетгодишно девојче ја нападнало својата 72-годишна баба во Куманово

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом. Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на …

Continue Reading

Стружанец со 2,56 промили алкохол предизвикал сообраќајка, одземено му е возилото

Четириесет и петгодишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта. Како што соопшти МВР, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта. По …

Continue Reading

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран во оваа скопска општина. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападите се случувале во период од март годинава, па се’ до вчера кога случајот бил пријавен во полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата „137“ во Гостивар. Според пријавата, С.А. (38) од Чегране бил на терен со работната машина кога се превртела. Повредениот бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од …

Continue Reading

Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец. Според пријавата, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле …

Continue Reading

Сопружници од Штип осомничени за напад врз полицаец

Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејства. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 18 јули во 00:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Л. (32), со престојувалиште во Штип. Според полицијата, тој и неговата сопруга К.Х. (30) на …

Continue Reading

Напад врз партнерка, агресија кон сопруга и мајка, закани кон деца – повеќе случаи пријавени во полиција

Полицијата во изминатото деноноќие евидентирала повеќе случаи на семејно насилство и закани во Охрид, Струга и Скопје, при што две лица се приведени. Во Охрид, во петокот во 23:10 часот, полициски службеници го привеле П.С. од охридско село, по пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон својата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна …

Continue Reading