62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. Полицијата извести дека на 15.07.2026 година пријавениот, во семејната куќа, извршил обљуба врз малолетничка.
Continue Reading
Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина
Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој изгорела сува трева на голема површина. МВР извести дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Кривична против 34-годишен Германец, изминатиот викенд нападнал полицаец во Штип
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година, на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Continue Reading
Изгоре автомобил во Скопје: огнот зафатил уште две возила, фасада на зграда
Утрово околу 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и …
Continue Reading
Дрво паднало врз 86-годишна жена во скопски Карпош: со тешки повреди е пренесена во болница
Во СВР Скопје синоќа во 20:25 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје. Жената била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото …
Continue Reading
Загина велосипедист: се судрил со автомобил кај браната „Гратче“
Вчера околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По …
Continue Reading
Уапсен возач во Делчево, возел со 4,35 промили алкохол во крвта
Полицијата во Делчево уапси возач од беровско, управувал возило со 4,35 промили алкохол во крвта. Според информациите на МВР, вчера во 15:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека …
Continue Reading
Уапсен пијан возач на дигалка на автопатот Велес – Скопје
Полицијата уапси професионален возач кој управувал товарно возило вршејќи вонгабаритен превоз без одобрение и под дејство на алкохол. Денеска во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници, уапсен е возач на товарно возило „волво“ со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз, а при …
Continue Reading