Полицаец од граничниот премин Блато внел во земјава швајцарски мопед, па, со лажни таблички, го продал
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Дебар, поднесе кривична пријава против А.Ш. и А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. „Првопријавениот А.Ш., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, во текот на 2025 година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не …
Continue Reading
Кавадарчанец уапсен за измама тешка 9.000 евра
Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ посредување за добивање странски пасош. Како што соопшти МВР, М.Д. (32) бил приведен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, по претходна пријава од оштетената. Според пријавата, осомничениот првично ѝ ветил дека за 400 евра ќе посредува за добивање странски …
Continue Reading
Работник од Индија се превртел со товарно возило на автопатот Кичево–Охрид
Дваесет и петгодишен работник од Индија е пренесен во болница откако со товарно возило се превртел на автопатот во изградба Кичево–Охрид. Според полициските информации, С.Ј. (25) од Индија, кој работел на изградбата на автопатот, управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, кога изгубил контрола и се превртел. Со медицинско возило бил пренесен во Општата болница во Кичево. Увид на …
Continue Reading
15-годишник со мопед излетал од патот во Охрид, тешко повредени тој и 17-годишна сопатничка
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Охрид, откако мопед излетал од патот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска во 00:35 часот и се случила на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид. Според информациите, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил …
Continue Reading
Почетник возел 211 километри на час на автопатот Скопје–Тетово
Полицијата приведе возач почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, кој управувал„фолксваген артеон“ со брзина од 211 километри на час. При сообраќајната контрола, извршена со радар, било утврдено дека И.А. (18), како возач-почетник, возел повеќе од двојно над максимално дозволената брзина од 100 километри на час на автопат. Од МВР соопштија дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, а …
Continue Reading
Насилник во Тетово се заканувал на сопругата дека ќе ја убие, отишол и кај неа на работа да ја бара
Насилник во Тетово се заканувал на сопругата дека ќе ја убие, а отишол и кај неа на работа да ја бара и таму на нејзиниот претпоставен му викал дека неговата сопруга не смее да работи таму. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста, а за него доставен е и предлог за определување …
Continue Reading
Со клоци и боксови ја тепал сопругата, се заканувал дека ќе ја запали и куќата поради тестамент што го потпишала мајката на жената
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот …
Continue Reading
Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари на Табановце, кривична пријава против едно лице
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при …
Continue Reading
Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави
Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“. „Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП ‘Национални Шуми’, …
Continue Reading