(Видео) Пресечен транспорт на 150 килограми марихуана, уапсени три лица од Скопје

Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ. Имено, на …

Continue Reading

Присвоила мобилни уреди што и биле доверени во службата: кривична пријава за вработена во мобилен оператор во Струмица

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор. Според полицијата, таа се сомничи за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што …

Continue Reading

Ја претепал сопругата а потоа ја одзел нивната малолетна ќерка: кривична пријава за штипјанец

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „одземање на дете“. На 17.11.2025 во Штип, пријавениот, кој бил со уште две лица, физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна сопруга, а потоа со помош на едно од лицата ја одзел нивната малолетна ќерка.

Continue Reading

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свет Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Откако двајца од осомничените набавиле марихуана, ја сместиле во автомобил со странски таблички кое било купено за таа намена. Потоа го ангажирале третоосомничениот чија задача била со …

Continue Reading

Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга

Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај Струга. Според информациите на МВР,  ноќеска во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се Ј.К.(42) и П.Т.(41), двајцата од Република Грузија. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што се задржани во полициска станица за натамошна постапка.

Continue Reading

(Видео) 30-дневен притвор за скопјанец: во неговото возило пронајдени пет килограми марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишниот Н.А. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 од КЗ. На 26.01.2026 на булевар „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко …

Continue Reading

Тепање, закани со компромитирачко видео, одземање телефон – повеќе пријави за родово насилство во Скопје од партнери и поранешни сопрузи

Во текот на 26 и 27 јануари 2026 година, во Скопје се пријавени повеќе случаи поврзани со семејно и родово базирано насилство, информира Министерството за внатрешни работи. На 27 јануари, околу 00:30 часот, 40-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 20:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. во неговиот дом. Полицијата презема мерки …

Continue Reading

Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра

Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје. Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање …

Continue Reading

Договор за продажба на имот со својот татко, па поврат преку катастар: Кривични пријави за службена злоупотреба и измама

Полицијата поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и измама во постапка поврзана со продажба и поврат на недвижен имот. Според информациите од МВР, пријавениот З.М. (51) од Струмица во 2022 година дал полномоштво на трето лице за продажба на негов имот, иако претходно потпишал изјава дека тој имот нема да го отуѓува, заложува …

Continue Reading