Автомобил удри во пешак во Штип, се здоби со тешки повреди
Вчера на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Штип, автомобил „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид.
Continue Reading
Тешко повреден едниот од возачите во несреќата што се случи вчера кај Раец
Тешко повреден е 36-годишниот возач од Богданци во несреќата што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на селото Раец, кавадаречко. Во несреќата учествуваа товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес. Во несреќата со тешки …
Continue Reading
Уапсен крадец во Куманово
Вчера во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот Л.Ш. од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари. Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Уапсен 36-годишник од Гостивар: при претрес на неговиот дом пронајдена дрога
Денеска во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Д.М. од Гостивар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин
Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија дека сообраќајот е во целосен прекин од 19:55 часот. Засега нема официјални информации за природата на повредите на учесниците во несреќата.
Continue Reading
Кривични пријави за убиството на паркингот во Чаир: инволвирани повеќе лица
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради …
Continue Reading
Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат
Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се …
Continue Reading
Измамени сопружници од Прилеп: споделиле матични броеви со наводна компанија која тргувала на берза со злато и пари
Вчера во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупно 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари. Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во …
Continue Reading
Кривична пријава против велешанец за предизвикување пожар во патничко возило
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) …
Continue Reading