Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна
Вчера во 19.50 часот на улица „Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната …
Continue Reading
Уапсен 19-годишник од Тетовско: при претрес пронајдена дрога
Вчера во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок. При претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција
Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 71-годишниот Џ.Д. од село Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ …
Continue Reading
Прилепчанец претепал медицинска сестра
СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
Continue Reading
Лекар во болницата во Штип нападнал негов копега во операциона сала
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“. Имено, на 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички …
Continue Reading
Прегазена 18-годишна девојка во Тетово: жената што го управувала возилото побегнала
Вчера во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот. Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Уапсен пијан маж од Охридско
Синоќа во 23.49 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц. (50) од село Мешеишта, општина Дебрца. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има …
Continue Reading
827 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
Во текот на вчерашниот ден од вкупно изречените 827 платни налози од страна на полициските службеници во рамки на опфатните сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, после подолг период прекршоците од делот на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење, статистички се симнати од врвот за сметка од вчера изречените 209 прекршоци што ги сториле пешаците, соопшти МВР. …
Continue Reading
Приведен лихвар од Куманово
Синоќа во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за подарок, уплатници …
Continue Reading