Приведен грчки државјанин на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства
Полицијата приведе грчки државјанин на Табановце, а во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства. „На 24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства“, информира …
Continue Reading
Разбојништо во Кисела Вода: Тинејџери нападнале две лица
Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – насилство. „На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти Обвинителството. Додека оштетените …
Continue Reading
Косовски државјанин приведен на Блаце: бил со италијански фалсификувани документи
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта …
Continue Reading
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник
Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување. Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра. Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното. Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови
Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери. Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49). Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер …
Continue Reading
Момче две години ја демнело својата сосетка во Крива Паланка – ја следело, па и’ се заканувало
Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишно момче од Крива Паланка за демнење. Од МВР информираат дека во периодот од март 2023 до април 2025 година, пријавениот ја следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.
Continue Reading
Уапсен кумановец: возел со 2,05 промили алкохол во крвта
Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 51-годишниот В.К. од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени …
Continue Reading
Вработените користеле неисправни и нерегистрирани возила: кривична против директор на јавно претпријатие во Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот …
Continue Reading
Граната од Втората светска војна пронајдена во Бардовци
Вчера околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна. Гранатата ќе биде безбедно подигната …
Continue Reading