Разбојништо во Кисела Вода: Тинејџери нападнале две лица


policija-lenta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – насилство.


„На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопшти Обвинителството.

Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со бехатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице.

Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK