Уапсен 40-годишник во Струшко: кај мажот е пронајдена марихуана
Вчера во 15:45 часот во близина на село Мали Влај, струшко, Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад- Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, го лиши од слобода 40-годишниот Б.Т., затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга и по документирање …
Continue Reading
Унгарски државјанин во повеќе торби сокрил 200 илјади евра
Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници. Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни …
Continue Reading
Одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи: уапсени шест лица, цариник помагал стоката нелегално да се внесе
МВР објави дека вчера под раководство на ОЈО за ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Одделот за специјални полициски операции- Единицата за брзо распоредување, спровеле полициска акција за сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и коруптивни кривични дела. Врз основа на наредби од Основниот кривичен суд Скопје, извршени биле …
Continue Reading
Скопјанец ја следел партнерката и ѝ испраќал пораки, маж во Гостивар ја претепал мајка си: пријавени неколку случаи на семејно насилство
Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 16:40 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со П.Ј.(35) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 25-годишна поранешна партнерка дека ја следел и ѝ испраќал пораки, а исто така дека под нејзиното возило пронашла уред за следење. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден …
Continue Reading
69-годишно лице загина во пожар во куќа во Валандовско
Вчера околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во с.Пирава, валандовско. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село. Според полицијата, од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана …
Continue Reading
Тешко повреден охриѓанец во сообраќајка меѓу патничко и товарно возило
Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.В.(45) од Охрид и товарно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(46) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ А.В., констатирани …
Continue Reading
Затекнати четири лица на градилиште во Чаршијата, можно е во објектот да има културно наследство, велат од МВР
Четири лица биле затекнати како изведуваат градежни работи во објект во Старата скопска чаршија, во кој постои можност да има предмети од културното наследство. Како што информира МВР, лицата биле затекнати вчера околу 18 часот од полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Загина пешак во Струмичко
Пешак загина во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1:30 часот се случила на влезот во струмичкото село Секирник. Според МВР, „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од Секирник. Пешакот загинал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица. Возачот е приведен и задржан во …
Continue Reading
Расправија прераснала во тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје
На 20 септември во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т.(20) од Тетово и Б.А.(42) од Куманово, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading