Кривична пријава против 15-годишник од Беровско, ја нападнал баба му
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 15-годишник од беровско поради сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“. Според полицијата, на 19 август годинава малолетникот физички ја нападнал својата баба.
Continue Reading
Пожар во кругот на „Железара“, зафатени две бараки
Пожар избувнал вчера попладне во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, при што биле зафатени две бараки со разни предмети, соопшти МВР. Во моментот на настанот во објектот работеле лица кои најпрво забележале чад, по што набргу избувнал пламен. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. На местото бил извршен увид.
Continue Reading
Тешко повредени малолетнички при пад од електричен тротинет
Во ОВР Гостивар вчера во 12:50 часот е пријавено дека во дворно место на куќа, сопственост на Б.А. во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала. Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа …
Continue Reading
Малолетник тешко повреден во сообраќајка меѓу патничко и товарно возило
Вчера во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на регионален пат во атар на с.Мородвис, општина Зрновци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Мородвис и товарно возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.В.(54) од с.Мородвис. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека …
Continue Reading
70-годишна жена од Германија пронајдена почината во хотел во Охрид
Синоќа во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Continue Reading
Приведени пет лица во Скопје за предизвикување пожар
Вчера во 13:15 часот во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул.„Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери. Набргу, по преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода. Пожарот го изгаснала екипа …
Continue Reading
Претрес во Куманово, пронајден пиштол и муниција: уапсен 26-годишник
Вчера во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 26-годишниот И.Д. од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ и куршуми. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
(Фото) Откриена нелегална плантажа на канабис во Струмичко: одземени 680 килограми стебла, двајца уапсени
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 34-годишниот З.М. и 30-годишниот А.Т.Г., двајцата од општина Ново Село, поради постоење на основи н сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик. По претходен меѓусебен договор, во сокриен дел од парцела на …
Continue Reading
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и фалсификувани пари: уапсен 46-годишен маж
Вчера во 23:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 46-годишниот Е.К. од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од 100 денари. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него …
Continue Reading