Матурант со автомобил удри во скопјанец, пешакот е тешко повреден
Сообраќајна несреќа се случи вчера на сервисна улица која ги поврзува булеварите Никола Карев и Крсте Мисирков. „Автомобил ‘фолксваген лупо’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Ј.(18) од сeлото Сарај, скопско, удрил во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ Скопје“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. Извршен …
Continue Reading
Во две сообраќајки во Македонија вчера повредени пет тинејџери
Петмина млади луѓе се здобиле со повреди во сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден во Куманово и Неготино. Во првата, околу полноќ, на улицата 523“во Куманово, автомобил управуван од Н.М.(26) од селото Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и …
Continue Reading
„Ќе го однесам на мајстор, па одиме на нотар“ – измама при купопродажба на возило, сопственикот остана без своето „ауди“
Во тетовската полиција поднесена е кривична пријава против 21-годишниот В.Ф. од Гостивар поради сомнеж за измама. Во текот на април 2025 година, пријавениот довел во заблуда лице од селото Тумчевиште така што склучиле договор за купопродажба на патничко возило. Му го земал возилото „ауди“, за да го однесе на мајстор за поправка со ветување дека потоа ќе отидат на нотар …
Continue Reading
Охриѓанец почина по разговор во полициска станица, на излезот му се слошило
Седумдесет и петгодишен маж од Охрид (Ј.А.) почина по службен во разговор во полициската станица во овој град. Според информацијата на СВР Охрид, на излезот од објектот на мажот му се слошило. Со Итната медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид, по што за помалку од еден час починал. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Continue Reading
Претрес во демирхисарско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице
Утрово во 04.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.П.(67) од с.Слепче. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар, рамки за куршуми, документи и други предмети …
Continue Reading
Приведени две лица при претрес во Пробиштип
Синоќа во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, …
Continue Reading
Татко со двајцата синови натепал маж во Батинци, едниот го удирал со камен додека лежел на земја
Скопското Обвинителство отвори истрага за татко и неговиот 18-годишен син, осомничени за насилство. Поведена е постапка и против вториот син на возраст од 15 години во согласност со Законот за правда за децата. Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле пред семејната куќа на еден …
Continue Reading
Дивеење меѓу повеќе лица во Драчево: се удирале со предмети, скршиле прозорец од куќа и автомобил
Приведени се четворица скопјани на возсраст од 19 до 58 години поради насилство во Драчево. Се работи за лицата А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58) кои по расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило, соопшти МВР во …
Continue Reading
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
Расправија помеѓу двајца скопјани завршила со пукање во воздух во Чаир. МВР информира дека случајот бил пријавен вчера, а во расправаијата учествувале М.Х.(35) и Е.Џ., двајцата од Скопје, по што Е.Џ. од пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading