Скопјанка повредена откога со електричен велосипед удрила во пешак на Партизанска во Скопје
Синоќа скопската полиција добија пријава за судир на велосипедистка и пешак во која била повредена велосипедистката. Несреќата се случила на булеварот Партизански одреди. „На 27.06.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале електричен велосипед ’бенели’, управуван од 55-годишната С.Ј. и пешакот З.Н.(50) од Скопје. Во …
Continue Reading
Разбојништво во фризерски салон во Битола: му го зел прометот на фирзерот и му се заканил дека ќе го испрска со солзавец
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од …
Continue Reading
Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош
Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој. Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат. Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.
Continue Reading
Кривична за охриѓанец: при претрес пронајдено оружје во неговата куќа
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. При претрес извршен по судска наредба во неговата куќа во охридското село Сирула, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 2 ловни и 1 пневматска пушка кои, пријавениот ги поседувал без соодветна дозвола. При …
Continue Reading
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош
Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош. Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега
Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“. Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик. Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“. На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.
Continue Reading
(Видео) Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув …
Continue Reading
Скопјанка пријавила во МВР дека бистата со ликот на нејзиниот покоен брат била украдена од гробишта
Седумдесет и петгодишна скопјанка во МВР пријавила дека од гробно место во селото Орешани, општина Зелениково, била украдена биста со ликот на нејзиниот починат брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата за случајот.
Continue Reading