Семејно насилство во Карпош, скопјанец го нападнал малолетниот син

Полицијата уапси жител на Скопје поради физичко насилство врз неговиот малолетен син. Според информациите на МВР, вчера во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му …

Continue Reading

Виничанец возел брзо под дејство на алкохол, без дозвола и со нерегистриран автомобил, приведен е

Полицијата на регионалниот пат Виница-Берово го приведе М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час. „По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, …

Continue Reading

Насилници претепале стружанец во Старата чаршија

Тројца насилници, од кои едниот малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија. Според информациите на обвинителството, на 21 јуни тројцата извршиле грубо насилство врз еден оштетен во Старата чаршија во Струга. Инцидентот започнал како вербална расправија меѓу оштетениот и обвинетите, а кога тој се обидел да им избега стравувајќи од физички напад, му паднал мобилниот телефон. Оштетениот се вратил да си …

Continue Reading

Приведен гостиварец, возел со брзина над дозволената

Приведен маж од гостиварско, управувал возило со брзина од 157 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час. Според информациите на МВР, вчера во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници го уапсиле Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистерски ознаки …

Continue Reading

Mлада девојка возела пијана, направила сообраќајка, па побегнала – МВР ја приведе

Приведена е радовишанка, којаштов возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, соопшти МВР. Се работи за 19-годишна ддевојка Т.К., која на улицата Самоилова во Радовиш, управувајќи автомобил предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има …

Continue Reading

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ во Охрид

Велосипедист од Охрид се здоби со тешки повреди, во сообраќајка што се случи вчера на улицата „Партизанска“ во Охрид. Во несреќата учествувале „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22)  од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид.

Continue Reading

Уапсен 18-годишник од Струмичко: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 18-годишниот Ф.В. од село Добрејци, струмичко. При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а …

Continue Reading

Во бесознание била туристкaта од Јапонија која падна кај Канео, но сега е во стабилна состојба

Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео. Од СВР Охрид информираа дека полицијата и екипата на Итната медицинска помош биле испратени на местото. Жената во бесознание била примена во охридската болница, а по укажувањето на медицинска помош, ги вратила нормалните животни функции и во моментот е во стабилна …

Continue Reading

Скопјанец заврши во болница откако бил повреден со виљушкар

Вработен во приватна фирма се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи со виљушкар на паркинг на подрачјето на скопската општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила во саботата, околу 13:45 часот, кога според пријавата поднесена во СВР Скопје, 48-годишниот Г.В. од Скопје бил повреден за време на неговиот работен ангажман. МВР информира дека повредениот …

Continue Reading