Претрес во дом на полицаец од Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето странски државјани
Полицаец од Тетово е осомничен дека правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани. Според информациите на МВР, вчера е извршен претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски …
Continue Reading
Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол. Според информациите на МВР, вчера во 12.14 часот полициски службеници на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод го лишиле од слобода З.С. (56) од с.Горни Манастирец, Македонски Брод. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фиат” со регистарски ознаки од Македонки Брод, кое …
Continue Reading
Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа во Струшко
Вчера во 18.30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е …
Continue Reading
Приведен маж кај Македонска Каменица: возел пијан и излетал од патот
Денеска, околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- село Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода 65-годишниот М.М. од село Дулица. Тој управувајќи патничко возило „тико“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против …
Continue Reading
Уапсен возачот кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот 65-годишниот К.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа …
Continue Reading
Уапсен полицаец од Гостивар: го украл накитот и парите запленети при претреси, кои требало да ги чува, приведен е и златар
Вчера во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник, 51-годишниот Д.С. од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 „злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ. Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника …
Continue Reading
Уапсен 42-годишник од Радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко. Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор.
Continue Reading
39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија
Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, објави РТС. Возило „киа“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот, а потоа се превртело. Во несреќата загинал сопатникот Н.А.(39), додека возачот А.А.(60) е тешко повреден и пренесен …
Continue Reading
Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија
Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово. Како што објави српски „Блиц“, околу 5:15 часот наутро на автопатот, упатувајќи се во правец кон Хоргош, возачот на „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот, по што возилото се превртело. Возачот бил тешко повреден и бил пренесен …
Continue Reading