17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало мотоцикл „хамачи“. Околу пладне, на пресекот на улиците Борис Кидриќ  и Мирко Милески, тој се судрил со „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци, соопшти полицијата. Малолетното момче со тешки повреди не успеало да стигне …

Continue Reading

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, но и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став …

Continue Reading

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година. „Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот …

Continue Reading

Откриени околу шест килограми амфетамин при претрес во Скопје, уапсени шест лица

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка …

Continue Reading

ДЗС: Пронајдени опасни артилериски гранати во Прилепско и неиспукан проектил во Тетовско

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт во нашата држава, од 2001-та. Конкретно, во село Витолиште Мариово, Општина Прилеп, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната …

Continue Reading

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто Оризари. Жртвата со тешки повреди и скршеници е пренесен во болница. Едниот насилник е уапсен, останатите двајца се во бегство. Обвинителството отвори истрага против лицата. „На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја …

Continue Reading

Двајца малолетници од Лабуништа направија сообраќајка, едниот возел мотор, другиот тротинет

Во селото Лабуништа, Струшко, се случи сообраќајна несреќа помеѓу двајца малолетници. Едниот управувал мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, а вториот – електричен тротинет. Двајцата се  од Лабуништа, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид.

Continue Reading

Полицаецот ги користел запленетите пари и накит за да си отплати долгови, па рекол дека шкафот му е обиен – Обвинителството со детали

Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против полицаецот од Гостивар кој украл накит и пари запленети при претреси. Осомничениот како како крим техничар бил ангажиран на увид во кој биле пронајдени предмети – парични средства во износ од 25.000 евра и златен накит кои тој ги фотографирал и подигнал. По извршениот увид во рамките на своите службени должности …

Continue Reading

Седумнаесетгодишник со автомобил излета во Ресен, тешко повредени две млади лица

Возило управувано од 17-годишник, во текот на вчерашниот ден излетало од патот Ресен-Стење, на влезот во селото Царев двор. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил уште еден малолетен сопатник, сите од Ресен, соопшти МВР. Извршен бил увид.

Continue Reading