Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница Отешево: ја злоупотребила службената положба
СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против 60-годишната М.Д. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година …
Continue Reading
Тепачка во болницата „8 Септември“: двајца скопјани ги нападнале вработените
Вчера во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата. По …
Continue Reading
Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница
Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд. Според информациите на МВР тие се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале …
Continue Reading
Пијан возач удрил во бетонски столб во Струшко
Доцна синоќа во 02.20 часот, во полиција е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Октиси, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.Ш., удрило во бетонски столб. Возачот бил пренесен во Општата болница во Струга. По извршено алкотестирање, утврдено е дека тој возилото го управувал со 1,93 промили алкохол во крвта, по што против него ќе …
Continue Reading
Приведен тетовец, возел со 1,94 промили алкохол во крвта
Денеска во 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Д.Б. од Тетово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94% промили …
Continue Reading
Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за …
Continue Reading
Сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ и мопед во Охрид: тешко повредена 50-годишна жена
Вчера во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица“ со ул.„8 Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната Е.М. од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(50) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на …
Continue Reading
Стружанец го запалил отпадот во неговата нива па предизвикал пожар и во околината
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч.)42) од Струга. Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено на 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.
Continue Reading
Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар
Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар. Според информациите на МВР, вчера во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел …
Continue Reading