Десетгодишно дете тешко повредено, паднало од електричен тротинет во Гостивар

Вчера во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Continue Reading

Две ипол годишно дете тешко повредено во сообраќајка помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица. Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и …

Continue Reading

Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во двор во Нов Дојран

Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Ж.К.(65) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа во Нов Дојран пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 70мм која потекнувала од Првата светска војна.

Continue Reading

Штипјанка со пластичен пиштол ограбила книжарница

Штипјанка со пластичен пиштол ограбила книжарница. Според информациите на МВР, СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. ж На 30.05.2025 во книжарница во Штип, пријавената со употреба на пластичен пиштол и закани одзела пари од дневниот промет.

Continue Reading

Дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки пронајдени на Средно Водно: биле спремни за потпалување

Утрово во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување. Полицијата соопшти дека е излезено на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки. Се преземаат мерки за расчистување на …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

19-годишник од Струшко бил агресивен кон полицијата: го затекнале како управува мотоцикл со невалидни документи

Утрово во 00.30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија М.М.(19) од струшкото село Подгорци. Тој според полицијата се однесувал агресивно кон полицијата откако при контрола го затекнале како управува моторцикл со измината важност на сообраќајните документи. Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело  на машко лице. Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на …

Continue Reading

Приведени возачи од Битола и ресенско, управувале возила со 1,87 и 1,86 промили алкохол

Утрово во 00.08 часот на крстосница составена од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Баталјон Стив Наумов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.К.(44) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „ровер” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно …

Continue Reading

Уапсен пијан возач од Тетовско: учествувал во сообраќајна незгода

Утрово во 02.40 часот на ул.,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за бездност на патниот сообраќај при СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(49) од с.Брвеница, тетовско. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода на улицата, во која учествувал Д.С. со своето возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, со дрегер било утврдено дека тој го управувал …

Continue Reading