Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра

Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, …

Continue Reading

Приведен 19-годишник од Битола: возел со 104 км на час на место каде што брзината е ограничена на 50 км на час

Вчера во 18:30 часот на улицата „8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е …

Continue Reading

Две деца од 12 години и еден 14-годишник фатени во центарот на Скопје при кражба

Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им …

Continue Reading

30-дневен притвор за две лица од Кочани: кај нив е пронајдена дрога

На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани. При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени. …

Continue Reading

Жена од тетовско измамена за 500 евра со лажно ветување за социјална помош

59-годишна жена од тетовско село пријавила во полицијата дека била измамена од две лица, меѓу кои и Х.„Н“ од тетовско. Според пријавата, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда со ветување дека ќе ѝ обезбедат примање на социјална помош – надомест за туѓа нега, за што таа им платила 500 евра. Жената подготвила и цела документација, но …

Continue Reading

Возачот му ветил дека ќе плати за болничките трошоци, но не исполнил – тротинетистот со задоцнување го пријавил настанот

Дваесетгодишен скопјанец впријавил дека на 1 септември годинава учествувал во сообраќајна несреќа во Шуто Оризари, во која се судриле патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет што го управувал тој. При несреќата младиот тротинетист се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според неговата пријава, со возачот на автомобилот постигнал договор да му плати за …

Continue Reading

Уапсени две лица од Струга и струшко, осомничени за физички напад и пукање од огнено оружје, следува пријава

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.К.(29) од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот го лишија од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со …

Continue Reading

(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Вчера во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово. При претрес во домот и помошни простории во Тетово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин. Двајцата се задржани во полициска …

Continue Reading

На Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана

Вчера во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 41-годишниот С.М. од Белгија. При гранична контрола и проверка, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading